This post has not been vetted or endorsed by BuzzFeed's editorial staff. BuzzFeed Community is a place where anyone can create a post or quiz. Try making your own!

    Љубовта Е Чудно Нешто

    Несреќата во љубовта на еден дечко

    Велат првата љубов ќе ја сретнеш во тинејџерските денови,точно е јас бев втора година средно школо она беше една година помала беше балерина прав лебед кога бев покрај нејзе ништо не ме интересираше бев заслепен само нејзе ја гледав,имав проблем како да ја изразам својата љубов према неа не беше лесно прв пат во живот сретнуваш личност која ти е едноставно ти е цело време во мисли а незнаеш зошто.

    И беше роденден,а јас и спремив изненадување изнајмив дел од еден локално кафуле го накитив со црвени рози нарачав торта и купив посебен подарок еднставно сам го смислив тоа и отидов се сретнав со нејзе пред да ја однесам на местото на изненадување ја однесов во паркот седнавме на една клупа и молчевме незнаев како да и го кажам тоа бев неискусен и едноставно и кажав дирекно она ми кажа дека мене ме гледа како другар и ништо повеќе,јас погледнав надолу ми падна тешко одвнатре неопишливо знаете она чувство кое сите го имаме доживеано.

    После тоа го преболев со тек на време,времето лечи се,сите ми велеа сите гориме еднаш на тие години помина време ја заборавив во меѓувреме со други девојки ама со ниедна не чувстував ништо 4та година средно запознав една девојка случајно бевме заедно прилично долго време и ја засакав,се додека не ја фатив во кревет со близок другар,од тој ден таа соба во мене,црвената соба што прави тик так тик так ја затворив со многу катанци и реков никогаш повеќе последната ќе успее да ја отклучи таа соба поминаа години..

    Почнав да работам како обезбедување со сите вработени правев муабет многу девојки ми се допаѓаа на изглед,но тогаш ја видов ме виде се загледавме и не престанавме да се гледаме бевме како скаменети не поминаа два дена отидов кај нејзе со изговор дека колега сака да се запознае со неа но всушност јас сакав,и така се запознавме и двајцата за 10дена имавме меѓу на нешто неопишливо,на почетокот се беше на шала,но шалата станаа јаве осетивме и двајцата ако не се слушневме,видиме макар допишуваме бевме нерасположени.

    Се расправавме,но за 2минути повторно ќе се погледневме и ќе се појавеше насмевката меѓу нас,се нервираме меѓусебе,дури и се мразевме на моменти но пак на крај колку и да се каравме и нервиравме на крај ќе се гушневме и ќе се насмеевме,пред да си легнеме последно нешто на нејзе помислував кога ќе се разбудив целта на денот ми беше да ја видам да ја слушнам да го осетам нејзиниот мирис да го осетам нејзиниот допир.

    Многу беа љубоморни на тоа што го имавме за само десет дена со гордост и кажав и на нејзе и на сите дека она ја отклучи таа соба црвена во мене,но секако кај мене секогаш има по некој проблем имаше ни помалце ни повеќе дечко со кој беше заедно цели пет години,но едноставно тоа не беше проблем ние да си изразуваме љубов и све,секако не ги допрев ниту нејзините усни бидејќи имаше дечко,а тоа го сакав секоја секунда секоја стотинка од тие десет дена,еднаш ми рече ти ми како кога ми се пуши цигара и тоа многу а немам цигара и немам од каде да земам.

    Го разбуди моето срце од темно стана светло црвено чукаше многу побрзо одколку што секогаш чука.Една вечер бевме иста смена на работа она поради си отиде јас останав,и дечко и дозна за нас почнаа да се караат кој сум јас што сум зошто не му крева на телефон зошто ја нема никаде и слично она му кажа и тука беше крај иако тоа меѓу нас беше појако и од љубов тоа беше крај она го одбра него секако не се малце 5години да одфрлиш за некој што сега си го сретнал,и ја пратив последната порака и реков од денес па натака секој ден да имаш убави сништа,успеа да го разбудиш моето срце бев најсреќна личност тие десет дена,и сакам да бидеш среќна како што беше пред да ме запознаеш меѓу нас имаше нешто што неможам да го опишам,но сепак погрешно,дека несакам да има проблеми поради мене,дека лесно ќе ме заборави,јас никогаш нема да те заборавам,никогаш да не бидеш тажна поради ништо и никој бидејќи ти си моето среќно прасе кое секогаш беше среќно и мене ме направи среќен.Она на тоа ми врати дека сум ја расплакал и дека нема никогаш да ме заборави дека многу поише и значам дека сум посебен за нејзе ако сме се сретнеле под друго околности се ќе било друго.

    На некои им е судено да имаат среќа во љубовта,на некои во парите,на некои во се да имаат среќа,ама ете на некои како мене не им е судено да бидат среќни во ништо можеби имам и ќе имам се што ќе посакам во животот,но само една работа нема да имам која е најпотребна во животот љубов може да сакаш а да не те сакаат,да те сакаат ама ти да не ги сакаш,оваа вечер го сфатив тоа дека тие што сум ги сакал не сум ги имал бидејќи судбината ми била така напишана,а тие што ме сакале никогаш нема да ги сакам.

    Ова е порака до сите машки,не е поентата да имаш многу девојки да лудуваат по тебе,а со тоа да се правиш курназ поентата во животот е да најдеш некоја што ќе те сака и ќе ја сакаш без тоа пријателе ти немаш ништо освен слава,а и на тоа му доаѓа крај кога тогаш.

    Автор:Александар.А